Волонтирај

Почетна / Волонтирај

СТАНИ ВОЛОНТЕР

Нашите волонтери се основата на нашата организација. Иако имаме активисти кои се грижат за секојдневните обврски како чистење и хранење, поголем дел од активистите можат да помогнат во различни.

Секојдневните обрски кои ние ги имаме во нашата организација се:

  • Чистење на боксовите
  • Помош при вдомување
  • Едукација на јавността
  • Шетање на кучиња/ хранење / дресура
  • Социјализација на животни
  • Бањање на животни
  • Дочек на посетители на прифатилиштето

Доколку немате проблем да ги извршувате горе наведените обврски слободно контактирајте не

ЧПП за Волонтери

ЗГРИЖИ ЖИВОТНО

Згриживањето е главен дел од процесот на спасување на животни. Еве зошто:

Грижувањето ја зголемува шансата животното да се вдоми. Животните кои се згрижени имаат тенденција да бидат помалку стресни, подобро социјализирани и имаат помали шанси да се разболат, за разлика од животните во прифатилиштата. Доколку згрижите животно можеби ќе бидете први кои ќе ги научите на основите манири и дресури.

Згрижувањето ги чува животните надвор од пансиони и стационари што можат да бидат многу стресни поради бучава, бариери, недостаток на соодветно вежбање итн.

Домашни миленици на кои можеби не им одговара животот во прифатилиште, имаат шанса да бидат здрави и среќни. Исто така, им помага на потенцијалните вдомувачи да видат каква личност има животното во домот.

Некои животни не се подготвени да бидат вдомени веднаш. Покрај тоа што им треба дополнителна љубов и грижа, тие треба да научат да им веруваат на луѓето и да живеат во човечка околина. Згрижувачите им помагаат на овие животни со тоа што им даваат привремен дом сè додека животното не биде подготвено за вдомување.

Чувството да згрижиш животно те прави да се чувствуваш добро, а вашето згрижено животно ќе биде среќно, здраво и социјализирано.

КОРПОРАТИВНИ ПАРТНЕРСТВА

Нашите партнерства се индивидуално структурирани за да создадат заемно корисна програма што најдобро ги исполнува целите на компанијата додека се поддржува нашата мисија.

Бараме организации кои имаат слични вредности во нашите и имаат целна публика која може да ни помогне да ја зголемиме свеста кај граѓаните за бездомните животни. Сите партнерства бараат финансиска обврска со загарантиран минимум, честопати комбинирајќи донации на пари, поддршка за маркетинг и други можности во договор со организацијата.

Contact Us for more details.

mk_MKMacedonian
en_GBEnglish mk_MKMacedonian