ЧПП

Ние сме непрофитабилна организација за заштита на животните. Нашата мисија е спасување, лекување, згрижување и вдомување на бездомни животни на територија на Град Струмица. Организацијата е основана во 2017 година, но ние помагаме на животните уште од мали нозе. Нашата држава има сериозен проблем со бездомните животни и нашата визија е да помогнете на секое животно кое има потреба од помош. Во моментот под наша нега имаме 60 кучиња од кои 5 се сериозно болни. Иако многу често сме биле во безизлезна ситуација ние не се откажуваме.

Лоцирани сме во град Струмица, С. Македонија. Во моментот сме во процес на релокација на прифатилиштето. Ве молиме контактирајте не доколку сакате да не посетите

Отворени сме секој ден од сабалје до 19ч. поручек. Ве молиме контактирајте не доколку сакате да не посетите

Да, прифаќаме. Единствено што не прифаќаме за отворени кеси со храна, лекови со изминат рок, душеци или полнети со памук ќебиња. Се друго можете да донирате доколку не посетите.

Анимал Лаверс Струмица никогаш нема да прави еутанизација на животни за да ослободи место. Животните кои се во нашето прифатилиште ќе останат во наша грижа додека не бидат вдомени или згрижени.

Бидејќи не сме мало прифатилиште со органичен број на време и ресурси, не можеме да прифатиме посети на голема бројка на ученици или други посетители. Контактирајте не за повеќе информации.

Заинтересирани сте за вдомување?

Најбрзиот начин за да вдомите животно е да не контактирате или преку сајот или преку нашата Фејсбук страница. На тој начин ќе кажете малку за себе и за кое куче сте заинтересирани, за да можеме да направиме полесно да го најдеме вашито нов домашен миленик.

По првичниот контакт, ќе ве контактираме за наредните чекори. Кои се:
1. Проверка на домот. Доколку е потребно еден од нашите активисти ќе направат проверка на вашиот дом за да се осигураме дека животното ќе има добар дом.
2. Превоз на животно. Доколку не можеме ние ќе се погрижиме за да ви го донесеме животното до вашиот дом.
3. Треба да почекаме одреден период за да видиме дали фазата на адаптација ќе помине успешно. Ако сè е во ред, ние ќе ги пренесеме документите на новиот сопственик и ќе го замолиме да потпише формулар каде ќе наведете дека е легален сопственик на животното, и законски ни е дозволено да направете изненадени посети, за проверка на благосостојбата на кучето.

Трошоци при вдомување:

  • 1000 ден за куче постаро од 6 месеци
  • 1500 денари за куче помладо од 6 месеци

 

Трошоци за вдомување надвор од С. Македонија:

= во цената е вклучено:
= Микрочип
= Основни вакцини, надворешно и внатрешно прочистување
= Каиш и поводник
= Пакет со храна, совети и други понуди
= (кога вдомувате во странство во цената е вклучен и сертификат за патување, вакцина против беснило и патни трошоци)

 

 

 

Нашите згрижувачи понекогаш згрижуваат и новородени мачиња и кутриња. Згрижувачите најчесто се регрутираат од страна на нашите волонтери. Доколку сте заинтересирани за згрижување на животно, ве молиме контактирајте не

Процесот за вдомување може да започне веднаш што ќе си изберете животно за вдомување. Обично, процесот трае еден ден за вдомувачи од С. Македонија. И до 3 месеци за вдомувачи од други земји.

Совети

Препорачуваме јавете ни се или контактирајте не преку нашата Фејсбук страница со слики од вашиот миленик. Ние ќе се потрудиме да споделиме со нашата публика.

Препорачуваме јавете ни се или контактирајте не преку нашата Фејсбук страница со слики од миленичето. Ние ќе се потрудиме да споделиме со нашата публика, и да го најдеме сопственикот.

mk_MKMacedonian
en_GBEnglish mk_MKMacedonian