Објаснување за обработка на лични податоци и процес на вдомување
Со пополнување на апликацијата за вдомување, се согласувате вашите лични податоци да бидат обработени исклучиво за потребите на процесот на вдомување и пронаоѓање соодветен дом за животното. Податоците што ги собираме може да вклучуваат: име и презиме, контакт телефон/e‑mail, адреса на живеење и информации за условите во кои би живеело животното.
Нашиот тим не ги зачувува, не ги споделува и не ги користи вашите податоци за никаква друга цел освен проценка на апликацијата и комуникација поврзана со вдомувањето. Податоците се бришат веднаш по завршување на процесот или по потпишување на договорот за вдомување. Апликантот има право во секое време да побара корекција или бришење на своите податоци.
Анимал Лаверс Струмица го задржува правото да ја одбие апликацијата доколку процени дека условите не се соодветни за животното.
Што да очекувате доколку апликацијата е одобрена
Доколку апликацијата биде одобрена, следува потпишување договор за вдомување, кој се заверува кај нотар и содржи податоци од вашата лична карта. Без потпишан договор и префрлен микрочип, вдомувањето не може да се реализира.
Потоа се врши префрлање на микрочипот на вашето име кај овластен ветеринар.
Со потпишувањето на договорот, вдомувачот се обврзува да обезбеди безбедни и соодветни услови за животното, редовна ветеринарна грижа и да не го препродава или предава на трети лица без претходен контакт со организацијата.
Организацијата го задржува правото да го посети домот на вдомувачот и да ја провери благосостојбата на животното, доколку тоа е потребно или доколку постои сомнеж за несоодветна грижа. Ова се прави исклучиво со цел заштита на животното и обезбедување дека условите се во согласност со договорот.
Сите животни кои се вдомуваат преку нашата организација се: вакцинирани, микрочипирани и кастрирани/стерилизирани.