Категорија: Успешни приказни

Почетна / Успешни приказни
Хепи
Напис

Хепи

Хепи беше 7 месеци кога беше оставен од својот сопственик да биде еутанизиран затоа што мислеле дека нема да преживее од удар од автомобил. Ние го згриживме и после неколку ренгенски снимки видовме дека всушност тој бил нападнат со воздушна пушка. Хепи денес е среќно вдомен.

Џуно
Напис

Џуно

Џуно беше најден од страна на двајца американски велосипедисти во Демир Капија. Тие се вљубија во него и решија да го вдомат во Америка. Денес Џуно ужива со својот нов брат и ново семејство во Колорадо.

Зара
Напис

Зара

Мајката на Зара дојде во нашето прифатилиште заедно со нејзините новородени кученца. Иако браќата и сестрите на Зара починаа од парво вирус, Зара заедно со уште 3 останаа живи. Зара денес е вдомена во Малта и ужива на сонце.

Мила
Напис

Мила

Мила беше најдена на улиците во Струмица и кога дојде во нашето прифатилиште веднаш се почувствува како дома. Таа ретко делеше храна и уживаше да се бања.

mk_MKMacedonian